Top Sport

Рамос му посвети гол на Рејес и го сруши рекордот на Касилјас

Капитенот на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, Серхио Рамос го сруши рекордот по бројот на победи при 4:1 триумфот над Фарските Острови во петокот.

Рамос го постигна првиот гол против аутсајдерите и сега има 122 победи во шпанскиот дрес, со што го помина рекордот на сонародникот и поранешниот клупски соиграч Икер Касилјас, кој со 121 победи го имаше рекордот повеќе од осум години.

Голот пак, со кој Шпанија дојде во водство, Рамос му го посвети на својот поранешен соиграч Хозе Антонио Рејес, кој минатата недела загина во сообраќајна несреќа.

„За мојот брат Рејес“, напиша Рамос на Твитер.

Scroll to Top