Top Sport

Рамос му се налутил на Каземиро

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, свесен е дека тимот се наоѓа во тешка позиција, но му се налутил на соиграчот Каземиро за она што им го кажал на новинарите по тешкиот пораз во Барселона.

„Ова беше вистинска катастрофа, таква е целата сезона. Мораме повеќе да трчаме, да се бориме. Не може за се да биде виновен тренерот“, рекол по мечот Каземиро.

Оваа искрена анализа на Бразилецот не му се допаднала на капитенот на овој тим Серхио Рамос.

„Тој коментар не е на место“, рекол Рамос.

„Ова е лоша ситуација во која се наоѓаме и не смееме да ги обвинуваме другите. Мораме да останеме обединети и заедно да го најдеме излезот од оваа тешка ситуација“, порачал Рамос и дополнил дека никогаш немал проблем со ниту еден тренер што работел во Реал.

Scroll to Top