Шпанските медиуми тврдат дека Серхио Рамос „ненамерно“ веќе потврдил дека од следната сезона ќе го носи дресот на Пари Сен-Жермен, откако на Инстаграм одеднаш стана следбеник на фудбалерите на францускиот клуб.
35-годишниот капитен на Реал Мадрид подолго време преговараше за продолжување на договорот, но шпанските медиуми велат дека „кралевите“ нема да му го исполнат барањето за договор на две сезони поради неговата возраст.
„Куатре депортиво“ забележиле дека Рамос покрај тоа што станал следбеник на Нејмар, Мауро Икарди и уште неколку фудбалери, претходно му честитал на Нејмар за потпишувањето на новиот договор со клубот до 2025 година.
? | Sergio Ramos seguiu alguns amigos novos no Instagram. ? pic.twitter.com/QBu7RhWm19
— Madridismo (@madridismobr_) May 8, 2021