Top Sport

Мурињо доби свој сладолед во Рим, и веднаш си направи нарачка

Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, му одговори на креаторот на специјалниот вкус на сладолед „Специјалниот“, нарачувајќи манго и јагода.

Возбудата во италијанската престолнина е голема поради ангажирањето на Мурињо, и покрај неговите слаби резултати со Тотенхем и Манчестер јунајтед, бидејќи сметаат дека тој ќе донесе нов дух кај „волчицата“ со неговиот тригодишен договор.

Затоа, не изненадуваше што локалната продавница за „џелато“ направи нов вкус „Специјалниот“, и Мурињо одговори на социјалните мрежи бирајќи ги вкусовите јагода и манго, кои секако, се поклопуваат со боите на „волчицата“.

Мурињо, кој најави дека ќе се пресели во Рим по крајот на сезоната во знак на почит кон португалскиот сонародник Пауло Фонсека, кој ќе остане на клупата на „волчицата“ до крајот на 2020/21, претходно се пофали со новата футрола за неговиот телефон – во боите на Рома и со иницијалите ЈМ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GELATI-AMO (@gelati_amo_)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

Scroll to Top