Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос беше презадоволен од триумфот од 2:1 на гостувањето кај Баерн Минхен во првиот меч од полуфиналето на ЛШ, реагирајќи луто на прашањата зошто победата не била поубедлива.
„Луѓето очекуваат секој меч да го добиеме со 3:0, но тоа е многу тешко посебно во Лигата на шампионите. Овој тим на Баерн е голем и треба многу да го почитуваме бидејќи уште не сме завршиле ништо. Морам да го пофалам Лукас и Асенсио кои беа многу важни за нас вечерва“, изјави Рамос по мечот.
Ова беше јубилејна 150. победа на 12-кратните европски шампиони во Лигата на шампионите, нешто што ниту еден клуб го нема остварено досега.
Марко Асенсио исто така беше презадоволен од резултатот.
„Знаевме дека е важно да постигнеме барем еден гол, а победата дојде како плус. Моравме да страдаме и да ги искористиме нашите шанси и мислам дека носиме одличен резултат во Шпанија“, изјави Асенсио.
Фото: ЕПА
Реал направи „брејк“ во Баварија, на чекор до ново финале (видео)