Серхио Рамос се огласи во јавноста по повод неговите преговори околу новиот договор со Реал Мадрид. Изминатите денови, медиумите шпекулираа, дека Рамос не ги прифатил понудените услови од клубот и дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти Реал.
Рамос му испратил порака на новинарот Маноло Лама, која ја објавил во својата емисија „Ел Паризадо де Копе“.
„Не сум добил никаква официјална понуда од Реал и мојата годишна плата не е 15 милиони евра“, напишал капитенот на Реал. Новинарот исто така објавил дека Рамос немал состанок со претседателот Флреонтино Перез, пред натпреварот со Елче на 30.декември минатата година.
Шпанските медиуми, во понеделникот, објавија дека Реал на Рамос му понудиле едногодишен договор, со можност истиот да биде продолжен на уште една година и помала плата д онаа што ја заработува со актуелниот договор кој му истекува на 30.јуни.
Наводно, Рамос ја одбил понудата и го известил претседателот Перез дека ќе ги разгледа понудите на другите клубови.
Според новинарот Лама, Рамос нема да ги разгледува понудите на другите тимови (ПСЖ, Манчестер сити…), бидејќи сакал да се пензионира како играч на Реал. Исто така би прифатил и помала плата.