Утре од 16 часот на „Ноу Камп“, Барселона и Реал Мадрид ќе се соочат по 181 пат во домашното првенство. Во претходните 180 пресметки Реал забележале една победа повеќе 73-72, а 35 натпревари завршиле без победник.
Шпанските медиуми со големо внимание го чекаат дуелот од проста причина што ниту Барселона, ниту пак Реал не блескаат од почетокот на сезоната.
Барселона, победува но играта не е блескава. Поразот од Хетафе во Ла Лига, го избришаа со триумфот над аутсјадерот Ференцварош во Лигата на шампионите. Победата од 5:1 над унгарскиот тим го врати потребниот мир во соблекувалната пред соочувањето со Реал.
„Кралскиот клуб“ е приказна за себе. Тренерот Зинедин Зидан се соочува со отказ по поразите од објективно послабите тимови од Реал, Кадиз и во Ла Лига и Шахтјор во Лигата на шампионите. Дополнителен проблем за Реал е и повредата на Серхио Рамос. Настапот на рекордерот во овие натпревари е неизвесен. Серхио Рамос пртив Барселона играл 44 пати.
Кај Барселона во тимот ќе се врати Џорди Алба, но прашање е дали ќе биде стартер. Фокусот, очекувано, ќе биде врз Лионел Меси. Аргентинецот не блеска од почетокот на сезоната, меѓутоа против Реал секогаш бил расположен за игра.
Од 2005 година и дебито на Меси во дуелите со Реал, Барселона забележала 19 победи. Меси досега одиграл 43 натпревари против „кралскиот клуб“, има брилијантен учинок од 26 голови и 14 асистенции, што го прави апсолутен рекордер во Ел Класико.