Top Sport

Рамос носи предност за „Кралевите“ од белата точка

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос самиот се избори за предноста на својот тим во мечот против Барса.

Во минутите кога Меси, Фати и Кутињо се закануваа по голот на Куртоа, при еден прекин дефанзивецот на Каталонците,
Ленгле го повлече Рамос за дресот, по што овој се најде на тревникот.

Рамос протестираше, а по ВАР асистенција судијата покажа на белата точка.

Рамос го изведе пеналот прецизно во 63 минута, во десниот долен агол од голот на Нето за 2-1.
https://tiger.cdnja.co/v/r3/R3MbM.mp4?secure=d58_Ow4KZe2C3xlowC2heA&expires=1603557000

Scroll to Top