Top Sport

Рамос објасни во репрезентацијата го носи бројот 15

Серхио Рамос во саботата стана играчот со најмногу настапи во историјата на шпанската репрезентација. Рамос против Норвешка настапи 168 пат во дресот со државниот грб. Со Шпанија два пати бил европски и еднаш светски првак.

Серхио Рамос на вечната листа престигна уште една шпанска легенда, Икер Касилјас, а на добар пат е да стане апсолутен рекордер според број на настапите во државниот тим и во светски рамки.

Јубилејот Рамос го обележал многу емотивно, на „Инстаграм“ објаснил зошто во репрезентацијата го носи бројот 15.

Во минатото овој број во репрезентацијата го носел Антонио Пуерта, пријател и соиграч на Рамос во Севилја. Пуерта почина на фудбалскиот терен во 2007 година. По неговата смрт Рамос решил во репрезентацијата да го носи бројот 15.

„Пред 13 години играше за репрезентацијата во Шведска. Требаше да одиграш уште многу натпревари, знаеш дека секогаш ќе бидеш дел од овој тим. Мојот број 15 е за тебе, бидејќи ти го носеше тој број и ни остана на сите во срцата“, напишал Рамос.

Scroll to Top