Top Sport

Турците повторно салутираа, УЕФА ќе истражува

Турските фудбалери синоќа освоија бод „голем како куќа“ во Париз против светскиот првак Франција. Со овој освоен бод Турците се наоѓаат на чекор до пласманот на ЕУРО 2020.

Она што Французите го потенцираат е начинот на кој што Турците го прославија голот во 82 минута. По голот на Ајхен турските репрезентативци им салутираа на своите навивачи кои во голем број ги имаше на стадионот во Париз.

На ист начин Турците го прославија и голот на Тосун во петокот против Албанија.

Уште тогаш УЕФА најавија дека ќе го истражат случајот, а откако истото го направија во Париз веројатно е дека Турците ќе бидат казнети.

Scroll to Top