Top Sport

Рамос одбил премиерлигаши и ја прифатил понудата од ПСЖ

Според повеќе извори, Серхио Рамос добива двегодишен договор со Пари Сен-Жермен, откако одбил понуди од два премиерлигаши.

35-годишниот ветеран доаѓа во француската престолнина по 16 години во Реал Мадрид, каде што не му понудија останување, а и покрај добрите финансиски понуди од клубови од Премиер лигата, се согласил на договор со Париз, каде што неговиот брат веќе ги комплетира последните обврски, тврди „РМЦ спорт“.

ПСЖ нема проблем да ја плаќа високата плата на Шпанецот, и верува дека со неговото искуство ќе помогне во главната цел – освојувањето на Лигата на шампионите, каде што има четири трофеи со Реал Мадрид.

Scroll to Top