Top Sport

Рамос поцрвене, Реал без „муниција“ во Баскија (видео)

Реал Мадрид остана со 10 играчи откако Серхио Рамос беше исфрлен од игра, и пропушти шанса да се доближи до Барселона по реми без голови на гостувањето на „Сан Мамес“ кај Атлетик Билбао.

Откако Барселона одиграа 2:2 со Селта Виго, „лос бланкос“ имаа шанса да ја намалат разликата на само шест поени, но овојпат повторно се чувствуваше недостаток на напаѓачки осет за да се обезбеди победата. Кристијано Роналдо и Тони Крос ги имаа најдобрите шанси во првото полувреме, додека Карим Бензема во осмата минута го погоди дирекот.

Рамос пак, беше исфрлен по вториот жолт картон по ударот со лакт над Аритз Адуриз. Капитенот на Реал Мадрид сега е рекордер во историјата на Ла лига со 19 црвени картони, статистика која не е за пофалба.

Атлетик, кои паднаа на загрижувачкото 15. место во Ла лига, останаа конкурентен тим во текот на целиот меч и дојдоа до охрабрувачки поен, кој ќе го намали притисокот на менаџерот Хозе Анхел Зиганда.

Scroll to Top