Top Sport

Рамос се двоуми: САД или Саудиска Арабија

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос до крајот на месецот ќе одучи за својата иднина со опција за преселба во американската МЛС лига или, како многу фудбалски ветерани, печалба во Саудиска Арабија, тврди „Мундо депортиво“.

Рамос е слободен играч по крајот на договорот со Пари Сен-Жермен и прва опција му било враќање во неговито стар клуб, Севилја, кои, сепак, не се подготвени да му дадат договор на 37-годишнио дефанзивец. Тој исто така имаше понуда од Бразил од Фламенго, но најверојатно е да замине во САД или во Сааудиска Арабија.

Во Арабија сигурно ќе заработува повеќе од било каде, а може да се приклучи на својот поранешен соиграч Карим Бензема.

Scroll to Top