Top Sport

Рамос се мајтапи со Роналдо (Видео)

Шпанците уште ги боли нерешениот резултат против Португалија (3:3), во првиот натпревар на СП во Русија. Кристијано Роналдо против „црвената фурија“ постигна три гола, првиот од пенал, за кој Шпанците сметаат дека бил престрого досуден.

foto: epa

Шпанските фудбалери на еден од последните тренинзи се шегуваа со начинот на кој Роналдо избори пенал во дуелот со Начо.

Капитенот на Реал и шпанската репрезентација, Серхио Рамос, во текот на тренингот „налета“ на Начо, а потоа му се обрати со зборовите:„Повторно ли, Начо?“.

Очигледно дека во шпанската репрезентација владее одлична атмосфера.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');