Top Sport

Рамос: Тешко е кога нема да ти се оствари сонот, но утре сонцето повторно ќе излезе

Ветеранот Серхио Рамос признава дека е разочаран што не се најде на списокот на селекторот Луис Енрике за Мундијалот во Катар, велејќи дека така загубил дел од сонот за настап на петто Светско првенство.

36-годишниот Рамос минатата сезона играше многу малку поради низа повреди, но оваа сезона повторно е во првиот тим на Пари Сен-Жермен, но тоа не му беше доволно да ја продолжи кариерата во шпанскиот дрес. Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид е рекордер по бројот на настапи за Шпанија со 180 и е израмнет со 17 меча на СП со Икер Касилјас и тој се јави на Инстаграм со порака.

„Можам да кажам дека оваа сезона повторно се чувствувам добро и уживам во фудбалот, играјќи за голем клуб во прекрасен град како Париз. Светското првенство? Секако, тоа беше еден од големите соништа кој сакав да ги остварам. Тоа ќе беше мое петто СП, но за жал ќе морам да го гледам од дома. Тешко е, но, сонцето повторно ќе излезе наутро“, вели Рамос, кој нема настап за „фуријата“ од март 2021, кога влезе како замена при 3:1 победата над Косово во квалификациите за СП.

Scroll to Top