Фудбалерите на Барселона победија на „Сантијаго Бернабеу“, во рамките на 26 коло, бо Ла Лига и стекнаа предност од 12 поени во однос на Реал.
Натпреварот го реши голот на Иван Ракитиќ во 26 минута, но најмногу внимание привлече дуелот на капитените Серхио Рамос и Лео Меси во финишот на првото полувреме.
Рамос стартуваше врз Меси, Аргентинецот остана да лежи на теренот, а откако судијата означи крај на полувремето, двајцата влегоа во вербален судир.
Експертот за судење на „Марка“, медиум што му е наклонет на Реал, Андухар Оливер, во анализата рекол дека Рамос заслужил црвен картон за стартот.
„Го удри Аргентинецот со раката по лицето. Судијата згреши што не го исклучи“, рекол Андухар.
https://twitter.com/JustNowSports/status/1101954684477149185