Top Sport

Барселона е кошмарен противник за Реал (Видео)

Фудбалерите на Барселона втор пат во интервал од три дена го совладаа Реал во Мадрид. Откако во средата, во Купот, победија 3:0, во саботата славеа 1:0 во Ла Лига. По овој меч Барселона има 12 бода повеќе од Реал.

Каталонците одиграа речиси идентично како и во претходниот меч, трпеливо ги градеа нападите и ги чекаа своите шанси. Една таква искористи Иван Ракитиќ во 26 минута. Неколку кратки додавања имаше во последната линија на Барселона топката стигна до Серхи Роберто кој во прв план го исфрли Ракитиќ. Хрватскиот репрезентативец откако му избега на Серхио Рамос со многу чувство го префрли Куртоа.

Во останатиот дел од натпреварот двата тима имаа свои шанси, Винисиус пропушти две за Реал, а на спротивната страна непрецизни беа Дембеле и Меси, па резултатот не се смени.

Барселона по 249 Ел Калсико има една победа повеќе од Реал (96/95). Реал нема победа над најголемиот ривал уште од август 2017 година.

Scroll to Top