Капитенот на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, Серхио Рамос од Загреб му порача на Дејан Ловрен дека зборува премногу и дека сака само да биде на насловните страници.
Ловрен неодамна изјави дека Рамос на пример, греши повеќе од него, но тоа не го забележуваат само бидејќи Реал победува. На капитенот ова не му „седна“ најдобро.
„Не би сакал да критикувам никого и да одговарам на такви исфрустрирани коментари. Некои луѓе сакаат да бидат на насловните страници, а некои, како мене, се тоа што се. Мило ми е што моите тренери имаат само добри зборови и доверба во моите квалитети“, вели Рамос.
Шпанија гостува на Хрватска утре на „Максимир“ во меч од Лигата на нации, откако во првиот меч, „фуријата“ ја суреди второпласираната нација на СП во Русија со фантастични 6:0.