Top Sport

Рамсдејл или Раја? Артета не даде конкретен одговор

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека се радува на почетокот на сезоната во Лигата на шампионите.

По шестгодишно отсуство од елитното натпреварување, „топџиите“ вечерва играат на домашен терен против ПСВ Ајндховен.

„Се боревме со ова. Како играч бев дел од неколку натпревари во Лигата на шампионите и имам прекрасни спомени“, изјави Артета пред неговото менаџерско деби во Лигата на шампионите.

Една од поважните теми на прес-конференцијата беше кој ќе биде на голот. Во победата над Евертон, наместо Арон Рамсдејл, на голот застана Дејвид Раја.

„Ги разбирам прашањата, разбирам што се случи, но за мене се е тоа нормално. Моја работа е да одговарам на прашања искрено и најдобро што можам. Како менаџер, мојата работа е да го правам она што го чувствувам и што мислам дека е најдобро за тимот и клубот“, рече Артета и додаде:

„Не сакам да зборувам за реакцијата на секој играч во тимот, без разлика дали игра или не“.

Арсенал вечерва ќе биде без повредениот Габриел Мартинели, но можно е тој да се врати во составот за неделното градско дерби со Тотенхем.

Scroll to Top