Арон Рамси ќе го напушти Арсенал. Играчот од редот за врска има договор до крајот на сезоната и само се поставува прашањето дали Арсенал ќе се обиде да заработи нешто на неговиот трансфер и да го продаде веќе во јануарскиот преоден рок. Доколку остане до крајот на сезоната тогаш клубот ќе го напушти без обесштетување.
За услугите на Рамси се интересираат неколку европски тимови. Се шпекулира со Челси, Манчестер јунајтед, Јувентус и Милан. Во игра е и Тотенхем, најголемиот спортски ривал на Арсенал.
„Тотенхем? Не, не“, јасен е ставот на Рамси кога станува збор за ривалскиот клуб.
Тој исто така потврдил дека не добил никаква понуда од Арсенал за продолжување на соработката.
„Не знам кои се причините што не ми понудија нов договор“, заклучил Рамси.
Рамси е играч на Арсенал од јули 2008 година. Тој за тобџиите има одиграно 240 натпревари.