Top Sport

Дончиќ не може сам, Хјустон без Харден поразен од Клиперс (видео)

Никако да запре лошиот старт во новата сезона на Хјустон. Ракетите имаат четири порази и само една победа во новата НБА сезона. Изминатата ноќ ЛА Клиперс ги декласираа со 133:113.

Хјустон овој меч го играше без својот најдобар играч Џејмс Харден, кој уште неколку дена ќе биде надвор од терените поради повреда.

Кармело Ентони со 24 поени бее најефикасниот играч на Хјустон, додека кај Клиперс се истакнаа Монтрез Харел со 30 и Лу Вилијамс со 23 поени.

Лука Дончиќ одигра уште еден одличен меч, меѓутоа не успеа да го спречи поразот на Далас Маверикс во Торонто. Репторс предводени од Каваи Ленард и Кај Лаури славеа над Далас 116:107.

Репторс немаат пораз од почетокот на сезоната и заедно со Милвоки Бакс се лидерите во Иасточната конференција.

Ленерад постигна 21, а Лаури 20 поени за Торонто, додека Дончиќ со 22 поени го предводеше Далас.

Резултати:

Шарлот-Чикаго 135:106
Њујорк-Голден стејт 100:128
Минесота-Милвоки 95:125
Њу Орлеанс-Бруклин 117:115
Сакраменто-Вашингтон 116:112.

Scroll to Top