Арон Рамзи е еден од неколкуте фудбалери кои ќе го напуштат Јувентус по завршувањето на сезоната. Репрезентативецот на Велс, како слободен играч потпиша договор со Јувентус во 2019 година, но во Торино не ги повтори игрите од Арсенал.
Италијанските медиуми тврдат дека Рамзи ќе се врати во Лондон, но не во Арсенал каде што играше 11 години. Според овоие извори, сериозен интерес за Рамзи покажале редовите на најголемиот ривал на Арсенал, Тотенхем.