Top Sport

Рандруп го постигна најубавиот автогол во 2019 (видео)

Данскиот дефанзивец Андерс Рандруп веќе во февруари може да конкурира за најдобриот автогол во 2019.

Фудбалерот на Хелсинборг, Рандруп во обид да спречи една опасна акција на данскиот ОБ Оденсе, ја „закачи“ топката и успеа да го совлада својот колега Кале Јелсен од 25 метри.

Со овој гол, ОБ стигна до 2:2 реми во пријателскиот меч во Оденсе. Хелсинборг лани се врати во првата лига, но новата сезона во Шведска почнува во март. ОБ беа седми во Данска минатата сезона и го почнуваат шампионатот против Копенхаген во недела.

Scroll to Top