Top Sport

Дортмунд му нудат нов договор на тренерот Фавр

Борусија Дортмунд сакаат да го обврзат тренерот Лусиен Фавр со нов договор, потврдува извршниот директор на клубот Ханс-Јоаким Вацке и покрај вчерашната елиминација во ДФБ купот од Вердер.

Фавр доби двегодишен договор пред сезоната 2018/19, и ги предводеше „милионерите“ до предност од седум поени на врвот на Бундеслигата и пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Вацке вели дека преговорите со Швајцарецот траат, но дека нема брзање.

„Логично е да зборуваме за продолжување на договорот бидејќи тој едноставно врши добра работа. Соработката е прекрасна и сакаме да продолжи така. Тимот се развива според планот и тоа е заслуга на Лусиен. Нема крајни рокови, ќе најдеме вистинско време за договор. Нема притисок“, вели Вацке за „Спорт билд“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top