Шефот на РБ Лајпциг, Ралф Рангник беше бесен откако неговите фудбалери решија да донесат „славен“ бербер за да им ги среди фризурите пред поразот во текот на викендот од Ајнтрахт Франкфурт.
Ред бул Лајпциг се борат за титулата во Бундеслигата, и поразот од 2:0 од Франкфурт му падна лошо на Рангник, кој е шеф на фудбал и развој во Ред бул ги нарече постапките на неговите фудбалери „декадентни“. Англискиот бербер Шелдон Едвардс беше донесен со авион и девет фудбалери на Лајпциг добиај посебен третман, оставајќи го Рангник бесен.
„Би се обложил 100.000 евра дека нашите фудбалери не би донеле бербер-ѕвезда од Англија само да добијат третман во хотел. Би загубил 100.000 евра. Поразот од 2:0 беше доволно фрустрирачки, а приказната со берберот ме остава шокиран. Ова е декаденција“, вели Рангник.