Новото германско засилување на Челси, Каи Хаверц е модерна верзија на легендарниот холандски ас Јохан Кројф, вели поранешниот тренер на РБ Лајпциг, Ралф Рангник, кој имаше шанси да игра со својот тим против Хаверц.
За 21-годишниот Хаверц Челси му плати 62 милиони фунти на баер Леверкузен и по лошите два меча на стартот на сезоната, во средата тој постигна хет-трик против Барнсли во Карабао купот. Рангник вели дека за Хаверц нема граници и го спореди со Кројф, кој беше легенда со Холандија, Барселона и Ајакс.
„Немам никакви сомнежи дека тој ќе стане успешен фудбалер и ќе биде еден од најдобрите во следните две-три години. Сега, потребно му е време да се навикне на англискиот фудбал, но потоа ќе го покаже својот квалитет. Јас се обидував да го донесам во Лајпциг, но тој беше лојален кон Баер. Тој е еден од фудбалерите кои немаат слабости во својата игра. Модерен Јохан Кројф, знае да постигнува голови и да дава асистенции. Ќе биде голем успех со Челси“, вели Рангник.
ЕФЛ Куп: Хаверц одговори со прв хет-трик за Челси, Арсенал победи во Лестер