Top Sport

ЕФЛ Куп: Хаверц одговори со прв хет-трик за Челси, Арсенал победи во Лестер

Фановите на Челси беа нервозни за високата сума која ја платија за германскиот талент Каи Хаверц критикувајќи го неговиот учинок во првите два меча од Премиер лигата, но тој даде совршен одговор со својот прв хет-трик во кариерата за да помогне „сините“ да стигнат до 6:0 победа над Барнсли во Англискиот лига куп.

Теми Абрахам му помогна на Хаверц со две асистенции и со еден гол, а во листата на стрелците се запишаа и Рос Баркли и Оливие Жиру за рутинска победа против второлигашот.

Во единствениот меч меѓу два премиерлигаши, Арсенал стигна до 2:0 победа на „Кингс пауер“ против Лестер благодарение на автоголот на Кристијан Фукс во првото полувреме, за во 90-тата минута Еди Нкетија да ја потврди победата. Другите фаворити немаа проблеми – Евертон предводен од двата гола на Ришарлисон стигна до 5:2 победа над Флитвуд, Њукасл со 7:0 славеше против Моркемб, а во осминафиналето се и Брајтон и Барнли.

ЕФЛ КУП, 1/16 ФИНАЛЕ

Фулам – Шефилд венсдеј 2:0

Милвол – Барнли 0:2

Престон – Брајтон 0:2

Стоук – Гилингем 1:0

Челси – Барнсли 5:0

Флитвуд – Евертон 2:5

Лестер – Арсенал 0:2

Моркемб – Њукасл 0:7

ЧЕЛСИ – БАРНСЛИ

ЛЕСТЕР – АРСЕНАЛ

ФЛИТВУД – ЕВЕРТОН

Scroll to Top