Top Sport

Рангник ќе го донесе и Тимо Вернер во Милан?

ТимоНапаѓачот на РБ Лајпциг, и мета на повеќе богати премиерлигашки тимови Тимо Вернер, може да биде главната цел на Милан ова лето заедно со неговиот тренер Ралф Рангник.

Рангник, германскиот стручњак кој го крена прво Хофенхајм, а потоа и Ред бул Лајпциг на високи позиции во Бундеслигата, е голема желба на управата на Милан, која толку верува во Германецот што за него е подготвена улога на тренер и на спортски директор во Милано, налик на старите позиции на англиските менаџери.

Според италијанскиот „Спорт медијасет“, неговиот прв потег би било носењето на Вернер од Лајпциг за продолжување на соработката. Вернер пристигна во Лајпциг од Штутгарт за 14 милиони евра во 2016 година, а сега неговата цена е поблиску до 80 милиони евра.

Тој само што наполни 24 години и има 27 гола во 36 меча оваа сезона и дури 12 асистенции. Во 29 настапи за германската репрезентација тој има 11 постигнати гола.

Scroll to Top