Top Sport

Кога ќе продолжи Ла Лига? Три сценарија се во игра

Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас денес најавил кога би можеле да продолжат натпреварите во Шпанија. Според него најрано сезоната може да продолжи на 28 мај.

Ла Лига ги разгледува можните датуми, со напомена дека Ла Лига е во коородинација со шпанските власти и дека нема ништо да се презема додека не бидат стекнати сите услови за продолжување на сезоната.

„Имаме неколку сценарија, три датуми. Ла Лига би можела да продолжи на 28 мај, 6 јуни или 28 јуни. Не можеме уште да одредиме точен датум. Јасно е дека пред да продолжи сезоната клубовите ќе мора да имаат две недели за тренирање“, рекол Тебас.

Scroll to Top