Top Sport

Рангник: Ливерпул се шест години пред нас, на Јунајтед му потребни 10 нови играчи

Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, по катастрофалниот пораз од Ливерпул (4:0), со својата изјава дополнително ги понижи играчите и клубот.

„Клоп во Ливерпул дојде пред шест години, толку ние заостануваме во однос на нив. Овој тим треба повторно да се изгради. Тоа на сите им е јасно. Натпреварот покажа дека треба да се состави нов тим, дека се потребни радикални промени. Ова е големо понижување и разочарување. Тимот мора повторно да го изградиме. Шест, седум, можеби и 10 нови играчи ќе дојдат“, рекол Рангник.

Тренер на Манчестер јунајтед од наредната сезоната ќе биде Ерик Тен Хаг, Рангник ќе остана да работи како советник во клубот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');