Преодниот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник му порача на Антони Марсијал да „покаже храброст“ и да ја реши својата ситуација во клубот, откако во петокот неговиот агент изјави дека по шест години Французинот сака да си замине од „Олд Трафорд“ бидејќи нема доволно натпревари.
„Фудбалерот не зборувал со мене или со клубот за тоа. Ако навистина има желба да оди во друг клуб, тогаш фудбалерот треба да го информира бордот или мене. Да бидам искрен, тоа што го кажува неговиот агент во медиумите не ме интересира многу“, вели Рангник.
26-годишниот Марсијал речиси постојано беше стандарден под Оле Гунар Солскјер, а во 2019/20 имаше одлични 23 гола, меѓутоа покрај Мејсон Гринвуд и Кристијано Роналдо, за Марсијал нема многу место во првиот тим. Марсијал пристигна од Монако во 2015 година, и веднаш имаше влијание во тимот, постигнувајќи гол во дебито против Ливерпул.