Top Sport

Не е исто Бенфика и ПСЖ! За Реал обновената ждрепка за ЛШ е скандал

Реал Мадрид се апсолутно незадоволни од обонвената ждрепка за Лигата на шампионите и веќе им пратиле порака на УЕФА дека се работи за „неприфатлива“ ситуација, тврдат шпанските медиуми, откако во првичната ждрепка им се падна Бенфика, а во втората Пари Сен-Жермен.

Реал сметаат дека немало потреба да се направи нова ждрепка, бидејќи паровите биле сосема легални, и дека сериозната грешка ја направи Андреј Аршавин и УЕФА, а не софтверска грешка како што јавија од УЕФА.

Грешката во ждрепката беше тоа што откако Манчестер јунајтед го доби Вилјареал, што не можеше да биде изведено бидејќи двете екипи беа во иста група, по што Јунајтед не беше меѓу тимовите кои можеше да им се падна на Атлетико Мадрид. На крајот Јунајтед го добија Атлетико.

Односите на Реал Мадрид со УЕФА не се ајдобри, посебно поради проектот на Европската Суперлига, кој Реал заедно со Барселона и Јувентус уште го предводи.

Рамос и Меси против Реал, Роналдо на Атлетико Мадрид, Интер ќе го предизвика Ливерпул

Scroll to Top