Манчестер јунајтед ја мина третата рунда во ФА Купот. „Црвените ѓаволи“, синоќа со 1:0 ја победија Астон Вила.
Привремениот менаџер, Ралф Рангник, истакнал дека тимот напредува во играта и посочил дека Скот Метоминеј станува еден од клучните играчи на Јунајтед.
Мектоминеј го постигна единствениот гол против Астон Вила. Тој го совлада Емилијано Мартинез во осмата минута.
„Тој е момче од нашата академија. Во последно време дава голови и демонстрира лидерски квалитети. Не би се изненадил тој за две години да биде капитен на екипата“, рекол 63-годишниот Германец.
Манчестер јунајтед во наредната рунда, во ФА купот, ќе го пречекаа Мидлзброу.