Top Sport

Рангник направил спискот – Еден од овие тројца ќе го засили Јунајтед

Манчестер јунајтед, на барање на менаџерот Ралф Рангник, ќе се засили во зимскиот преоден рок. Приорите ќе биде екипата да се засили со еден играч од редот за врска.

По вкусот на Рангник е Амаду Хајдара, фудбалер на РБ Лајпциг. Медиумите шпекулираат дека Манчестер јунајтед би можеле да го обезбедат неговиот потпис за 38.500.000 евра.

Во спискот на Германецот има уште две имиња, кои се значително поскапи од Хајдара.

Тоа се Џад Белингем од Борусија Дортмунд и Калвин Филипс од Лидс јунајтед.

Белингем беше на радарот на Јунајтед и пред две години, но тогаш играчот се реши за Борусија. На фудбалскиот пазар тој вреди околу 100.000.000 евра.

Филипс, минатата сезона доживеа целосна афирмација, стана стандарден репрезентативец на Англија. Цената на Филипс е околу 60.000.000 евра.

Англиските медиуми тврдат дека еден од овие тројца играчи сигурно ќе ги засили Манчестер јунајтед во јануарскиот преоден рок.

Scroll to Top