Top Sport

Рангник: Не сум го прашал Роналдо дали е среќен

Преодниот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник ги отфрли шпекулациите дека ја нема целосната поддршка на Кристијано Роналдо во тимот, посочувајќи дека нема потреба да го прашува Португалецот дали е среќен во тимот.

Во хаотичната сезона на Манчестер јунајтед, една од шпекулациите е дека Роналдо не е задоволен во клубот каде што се врати минатото лето, а откако не беше избран за дербито со Манчестер сити, решил да замине во Португалија. Пред утрешниот меч со Тотенхем, Рангник одговори на обвинувањата.

„Кристијано се врати на тренинзи вчера и работеше цел ден. Мислам дека ќе биде достапен за утре. Не знам како се чувствува, не сум го прашал дали е среќен. За мене е најважно да е физички подготвен. Потоа ќе видиме со која формација и кој состав ќе играме утре. Нема смисла да се враќаме на минатото и да поминуваме низ тие шпекулации. Тој и Еди Кавани се на тренинзи и ќе бидат достапни утре“, вели Рангник.

Scroll to Top