Top Sport

Сколари дозволил порнографски магазини на бразилските фудбалери на СП во 2002

Легендарниот бразилски тренер Фелипе Сколари имал договор со неговите фудбалери за дозвола на порнографски магазини во текот на победничкиот поход на Светското првенство во 2002 година, тврди бразилскиот весник „О естадо де Сао Пауло“.

Според бразилските медиуми, само Кака, кој тогаш имаше 20 години и кој е евангелистички христијанин кој чекаше до бракот три години подоцна за да има секс, бил изземен од пратката која ја добиле фудбалерите. Сега, шпанскиот весник „Диарио АС“ тврди дека Сколари се согласил на овој потег за да се „намали тензијата“ бидејќи фудбалерите биле 50 дена во изолација.

Едилсон, кој беше еден од напаѓачите кои беа вклучени во тимот на местото на Ромарио, на шега вели дека ќе користел „кукла“ доколку не му била дозволена порнографијата, но Сколари вели дека не дозволил вакво нешто.

Сколари, кој во кариерата беше тренер и на Португалија и на Челси, е стриктен католик и претходно на своите фудбалери им наредувал да имаат „минимален“ секс додека се со репрезентацијата.

Scroll to Top