Top Sport

Рангник: Ова што го прави Роналдо не е нормално

Кристијано Роналдо му донесе бод на Манчестер Јунајтед во дербито со Челзи (1:1), по завршувањето на натпреварот, тренерот Ралф Рангник не штедеше на комплименти за да ја опише играта на Португалецот.

„Не е нормално тоа што Роналдо го прави на 37 години… Таква желба… не мислам само на голот. Ако игра вака, може да биде од голема корист за Манчестер Јунајтед“, изјави Рангник, кој ќе се откаже од функцијата на крајот од сезоната, но ќе остане да работи во клубот како советник.

„Сè уште не сум разговарал со Ерик тен Хаг за Роналдо. Мораме да седнеме да разговараме јас, Ерик, Роналдо и челниците на клубот. Роналдо има договор и за наредната сезона и важно е да видиме дали тој сака да остане во тимот и следната сезона. На крајот тоа ќе биде одлука која ќе ја донесат Ерик и Кристијано. Можам само да кажам дека тој беше одличен на овој натпревар и тоа ме прави среќен“, заклучил Рангник.

Scroll to Top