Германскиот стручњак Ралф Рангник сака да се врати на тренерската професија и затоа го раскинал договорот со РБ Лајпциг, кадеш то беше спортски директор и директор за развој.
Поранешниот тренер на Шалке и РБ Лајпциг го раскина договорот со Ред бул една година пред крајот и сега сака да се врати на тренерската професија, тврди „Ла газета дело спорт“. Рангник беше поврзуван со трансфер во Милан каде што би ја презел улогата на тренер и на спортски директор, но 62-годишниот Германец овој месец се откажа од договорот, по што Милан ја продолжија соработката со Стефано Пиоли.
Според изворите на „Газета“, Рангник најверојатно ќе заврши во некој клуб од англиската Премиер лига.