Top Sport

Раниери има еден услов за да стане селектор на Италија

Италијанската фудбалска репрезентација е без тренер од вчера. Лучано Спалети доби отказ по дебаклот во Осло и поразот од Норвешка (3:0).

Прв избор на Италијанецот е Клаудио Раниери, кој се повлече од тренерската позиција во Рома и му ја препушти на Џанпјеро Гасперини, но идејата на семејството Фридкин и него самиот е тој да остане во Рим и да учествува во понатамошното функционирање на спортскиот сектор. Односно, планот е тој да биде менаџер кој ќе работи во соработка со Гасперини.

Затоа, Раниери е на пресвртница и како што објави Џанлука ди Марцио, единствениот начин за него е семејството Фридкин да даде „зелено светло“ за неговата двојна функција.

Раниери претходно ѝ вети на Рома и сака да си го исполни ветувањето, но поканата од репрезентацијата е нешто што не може да се одбие, па затоа го моли Фридкин за разбирање.

Средбата во Рим ќе се одржи денес и ситуацијата наскоро ќе биде решена. Доколку Раниери не ја преземе репрезентацијата, „аѕурите“ ќе се свртат кон Стефано Пиоли.

Scroll to Top