Top Sport

Раниери ќе ја спасува Сампдорија од испаѓање

Трофејниот италијански тренер, Клаудио Раниери (67) повторно е пред неблагодарна мисија – опстанок во Серија А.
Според пишувањата на италијанските медиуми, тој деновиве треба да потпише двегодишен договор со калчолигашот Сампдорија за плата од 2 милиони евра.

Опција за клупата на Сампдорија, пред Раниери беше и Џенаро Гатузо, но тој, според информациите, ја одбил понудата.
Раниери повторно доаѓа на местото на Еузебио Ди Франческо, кого го замени на кормилото на Рома во минатата сезона.

Италијанскиот стратег во минатото седел на клупата и на Јувентус, Интер, Парма, Фиорентина, Наполи и Калјари, а последниот голем успех кој силно одекна во Европа и светот е шампионската титула во Премиерлигата со Лестер Сити.

Клубот од Џенова во моментов, по 7 одиграни кола е „фенерџија“ на табелата со само 1 победа и 3 освоени бода (победа против Торино).

Scroll to Top