Top Sport

Стеф Кари експлодираше против „волците“ од Минесота (видео)

Плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари имаше ноќ за паметење во подготвителниот меч против тимот на Минесота Тимбервулвс. „Воините“ славеа триумф со 143-123 пред почетокот на новата НБА сезона.

Кари на паркетот помина 25 минути, а за тоа време постигна 40 поени (од нив 6 тројки) надополнето со 6 скока, исто толку асистенции и 2 украдени топки.

По мечот Кари најави дека очекува вакви партии да прикажува секоја вечер.

„Се надевам ќе биде вака секоја вечер. Ама како што кажав кога доаѓав во кампот, имам ист менталитет секој пат кога ќе стапнам на паркетот. Не значи дека ќе шутирам при секој напад, сакам да изградам акции и да го правам тоа што ми е удобно, тоа е да го играм мојот стил на кошарка и бидам агресивен и самоуверен. Не знам како ќе изгледа секоја вечер, но ќе играм на ист начин“ – изјави Кари.

Плејмејкерот останува прва ѕвезда на тимот по заминувањет на Кевин Дурент.

Се уште надвор од стројот кај „воините“ поради повреда е Клеј Томпсон.

Scroll to Top