Жозе Мурињо е под сѐ поголеми критики за работата која ја врши во Манчестер јунајтед, но новиот тренер на Фулам, Клаудио Раниери вели дека се работи за „голем човек“ и голем тренер.
Мурињо во текот на викендот беше драматичен по драматичната победа над Јанг бојс за пласман во осминафиналето на ЛШ, по што ги потсети новинарите дека секогаш, со сите клубови, ја минувал групната фаза во ЛШ, но Раниери вели дека критиките се непотребни.
„Жозе Мурињо! Голем човек, голем тренер. Голем карактер. Тој беше првиот кој ми се јави да ми честита кога ме именуваа во Фулам“, вели Раниери за „Газета дело спорт“.