Клаудио Раниери повторно импресионираше како фудбалски стратег, откако со Нант е респектабилен во Лига 1 зад фаворитите Пари Сен-Жермен и Монако.
Но, вистинскиот тест е во сабота, кога неговиот тим се среќава со ПСЖ, и Раниери признава дека му е потребно „чудо“ за да избегне пораз.
„Како да ги сопрам Нејмар, Кавани, Мбапе и Алвеш? Кога би можел би поставил 22 играчи на теренот и пред нашиот гол би паркирал два автобуси. Се шегувам. Навистина не знам. Можеби ќе играме со пет дефанзивци. Монпелје така извлече 0:0. Важно е да бидеме подготвени во важните моменти“, вели Италијанецот.
Нант во моментов е петти во Лига 1 со 23 освоени поени.