Top Sport

Раниери: Се обидувам да ги натерам фудбалерите на Рома да тренираат

Тренерот на Рома, Клаудио Раниери вели дека неговиот клуб прави сè што може да ја „спаси“ катастрофалната сезона по понижувачкиот 1:4 домашен пораз од Наполи.

„Правиме сè што можеме, да бидеме искрени. Ова е чудно време за нашиот тим – примивме гол во првиот обид, успеавме некако да израмните, но потоа веднаш во второто полувреме пак губевме. Тешко е да се помогне на тимот кога другите трчаат побрзо и играат подобро. Се обидувам да ги натерам да тренираат, но во петокот имаа стомачен вирус и Николо Заниоло не можеше да стартува. Наполи пливаа околу нас и ни ја направија ситуацијата многу тешка. Дали жалам што се вратив? Никогаш. Никогаш за Рома“, вели Раниери кој го замени Еузебио ди Франческо на клупата на „волчицата“.

Претседателот на Рома, Џејмс Палота пак, вината ја гледа во поранешниот спортски директор Мончи и во екстренерот Ди Франческо.

„Фудбалерите мораат да станат и да покажат дека имаат мадиња. Веќе нема алиби за никого. Сите знаат што тргна наопаку оваа сезона и зошто ги направивме промените, но изговори веќе нема“, вели Палота.

Милик со магичен гол, Наполи ја зголеми мизеријата на Рома (видео)

Scroll to Top