Top Sport

Ф1 извинувања! Хамилтон му се извини на Леклер, Фетел им се извини на фановите (видео)

Кошмарот на Ферари на Бахреин ГП трката уште не можат да го преболат во италијанскиот тим, откако сигурната победа беше „фрлена“ поради технички проблем и со супер-брзиот мотор на Шарл Леклер, а како „бонус“ Себастијан Фетел повторно направи грешка и на крајот мораше да се задоволи со петтото место.

Триумфот на Луис Хамилтон на Сакир беше навистина среќен, откако тој ги искористи проблемите на младиот Леклер, кој беше толку многу блиску до својата прва победа. Дека и Британецот не е „безмилосен“ како некои поранешни шампиони, најдобро покажува неговиот гест кон возачот од Монако кога го претекнуваше, кога му се „извини“.

Од друга страна, Фетел, далеку поискусниот возач во Скудерија, мораше да се извинува за тоа што пропушти барем да го осигура второто место за италијанскиот тим, откако и тој имаше проблеми со моќта во средината на трката по што беше вклучен во борба со Хамилтон за позиција, пред тој да направи грешка и да се изврти и да го оштети предното крило.

„Извинете момци, моја грешка. Се изненадив и ја загубив контролата. Навистина ми е жал. Кажете му на Шарл дека имаше одлична трка и дека победата требаше да биде негова“, им порача Фетел на колегите преку радиото по крајот на трката.

Scroll to Top