Не требаше да помине долго време Клаудио Раниери да најде нова работа, откако Рома потврди дека славниот италијански тренер е нивниот „преоден“ избор до крајот на сезоната.
Раниери, кој неодамна беше отпуштен од премиерлигашот Фулам по само три месеци на работнот место, е познат лик на навивачите на Рома, откако во 2009/10 за малку ќе ги донесеше до двојна италијанска титула.
„Пресреќни сме што можеме да му посакаме добредојде назад на Клаудио во нашиот клуб. Во остатокот од сезоната имаме една цел, да обезбедиме што е можно повисок пласман во лигата и да обезбедиме место во Лигата на шампионите. Во овој дел од сезоната, важно е да имаме тренер кој го познава клубот, ја сфаќа нашата филозофија, го зборува јазикот и ги мотивира тренерите. Клаудио е вистинскиот избор“, изјави претседателот на Рома, Џејмс Палота.
67-годишниот Раниери е поранешен тренер на Јувентус, Наполи, Фиорентина, Каљари и Рома во Италија, а најголемиот успех му е титулата од Премиер лигата со Лестер сити во 2016 година. Тој доаѓа на место на Еузебио ди Франческо, кој беше отпуштен по елиминацијата во ЛШ од Порто во средата.
Ова е само една од промените кај „волчицата“, откако денеска од тимот си замина и спортскиот директор Мончи.
Ufficiale: Claudio #Ranieri è il nuovo responsabile tecnico dell’#ASRoma
➡️ https://t.co/iIPFZjzkRW pic.twitter.com/sNLrZIHZGb
— AS Roma (@OfficialASRoma) March 8, 2019