Top Sport

Раниери во шок по смртта на Вичаи: Ова е трагедија, уште сум потресен

Клаудио Раниери, човекот кој го предводеше Лестер до сензационалната титула од Премиер лигата во 2016 година, му оддаде почит на претседателот и сопственикот на клубот, Вичаи Шриваданапраба, откако тој загина во хеликоптерска несреќа во саботата.

Раниери можеби неславно се раздели со англискиот клуб, откако доби отказ неколку месеци по историската титула, но Италијанецот имаше само убави зборови за човекот кој го трансформираше клубот.

„Нашата соработка беше прекрасна, а вестите ме потресоа. Ова е вистинска трагедија. Тој беше одличен човек и за него можам да кажам само најубави работи, а знам дека живееше за клубот. Никогаш не слушнавме нешто грдо од него, тој беше пример за сите. Се сеќавам кога првпат се сретнавме. Кога поразговарав со него, сфатив дека се работи за прекрасен човек, секогаш насмеан и расположен. Сега, Лестер во добри раце, кај синот, кој е голем вљубеник во фудбалот и се надевам дека ќе го направи неговиот татко горд“, вели Раниери.

Scroll to Top