Фудбалскиот свет денеска наголемо го коментира синоќешниот гол на португалската фудбалска ѕвезда во дресот на Јувентус, Кристијано Роналдо на мечот 17 коло од Серија А против Сампдорија во Џенова.
Тој постигна погодок удирајќи ја топката со глава на висина од 2 метри и 56 сантиметри. Присутните на стадионот „Луиџи Ферарис“ имаа можност да видат како Португалецот цели 1.5 секунди беше во воздухот пред да ја удри топката, а неговиот одраз изнесувал цели 71 сантиметар.
Посебно воодушевен од ремек-делото на Роналдо беше тренерот на Самп, Клаудио Раниери.
„Кога некој ќе постигне ваков гол, мора да се воодушевувате. Даде гол во стил на НБА-играч, речиси час и пол беше во воздух. Што друго да кажам. Само да се поклонам пред ваква мајсторија“ – рече Раниери.
Да се потсетиме на целата акција која претходеше на погодокот за победа во 45 минута: