Top Sport

„Бејл да го замениш со Погба е голема грешка“

Поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Рамон Калдерон верува дека би била голема грешка доколку на „Бернабеу“ се доведе францускиот фудбалер, Пол Погба на местото на Велшанецот, Герет Бејл. Калдерон не верува дека Французинот би бил добра замена за Бејл.

Договорот на Погба со Манчестер Јунајтед е до летото 2021 година, а во врска со трансфер во Кралскиот клуб беше споменуван во повеќе наврати.

„Се зборува за размена, или Бејл и Хамес (Родригез) за Погба. Мислам дека тоа се само шпекулации, а мислам и дека тоа би било грешка, посебно да се простиш од Бејл поради Погба“ – изјави Калдерон за „Talksport”.

Погба моментно се опоравува од повреда, иако неодамна беше забележан како „жестоко“ игра на свадба, каде наводно настинал, па сега се опоравува од неа.

Тој не му е на располагање на тренерот Солскјер уште од септември, а сезонава за Јунајтед има 6 настапи на кои има само 2 асистенции.

Scroll to Top