Top Sport

Рапиноу: Англиските клубови како Манчестер јунајтед се за срамота

Освојувачката на Светското фудбалско првенство со САД, Меган Рапиноу влезе во остра критика на англискиот фудбал за „срамотното“ отсуство на поддршка за женскиот фудбал и посебно за развојот на Женската Суперлига.

Англиската Женска Суперлига ова лето направи големи трансфери – Роуз Лавел пристигна во Манчестер сити, а Алекс Морган игра за Тотенхем, а покрај Американките тука се и интернационалните ѕвезди како Перниле Хардер, Сем Кер и Вивијан Миедема, за најсилна женска лига во 10-годишната историја.

„Мислам дека женскиот фудбал во Англија е ист како и во Америка – толку заостанува поради тоа што нема доволно инвестиции. Сега е 2020? Колку време постои Премиер лигата? И дури сега гледаме клубови како Манчестер јунајтед да направат напор и да дадат фунти за женскиот тим? Тоа е срамота“, вели 35-годишната Американка во интервју за Би-би-си.

Иако женскиот тим на Манчестер јунајтед е формиран во 2018 година, Рапиноу греши – „ѓаволите“ имаа свој женски клуб од 1970 до 2005 година, кој беше расформиран токму по купувањето на клубот од нејзините сонародници, семејството Глејзер.

Scroll to Top